top of page
Во Фландеровите полиња, од Потполковникот Џон Макеи
Во Фландеровите полиња афионот дува
Помеѓу крстовите, ред по ред,
Кои го означуваат нашето место: и на небото
Врапчињата сеуште храбро пеат
Редок шум меѓу оружјето доле.
Ние сме мртвите: пред неколку дена,
Ние бевме живи, чувствувавме, зајдисонце гледавме,
Љубевме и бевме љубени: и сега лежиме
Во Фландеровите полиња.
Превземете го нашиот спор со непријателот,
На Вас, од паднати раце го предаваме
Фекелот: да биде Ваш, гордо високо,
Ако ја изгубите вербата со нас кои умираме,
Ние нема да спиеме, додека афионот расте
Во Фландеровите полиња.
Во препев на Драги Стојковски
bottom of page